Граничната служба соопшти: Украински вооружени сили нападнале руски цивилни бродови?
Два цивилни товарни брода биле подложени на ракетен напад од Вооружените сили на Украина во Азовското Море, соопшти кубанската гранична служба.
„Во 11:00 часот во водите на Азовското Море, руските цивилни товарни бродови „Сгв флот“ и „Серафим Саровски“ беа подложени на ракетен напад од Вооружените сили на Украина. Беше истрелано од правец на Мариупол. Од пожарот оштетен е бродот за транспорт на нафта „Сгв флота“, на бродот избувнал пожар, а еден од членовите на екипажот е тешко повреден“, се наведува во соопштението.
Беше прецизирано дека екипажот успеал да го изгасне пожарот, а двата брода продолжиле да пловат. На местото на настанот се испратени патролни чамци на граничната управа на ФСБ за Краснодарскиот регион за да го евакуираат повредениот морнар.
Во исто време, еден украински проектил паднал на територијата на руски Кубан, соопшти руската ФСБ.
При детонацијата нема жртви или повредени.
Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука да започне специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…