Сите акции на руската aрмија се успешно завршени, објави министерството за одбрана на Русија

t

Сите задачи на вооружените сили на Руската Федерација во специјалната операција во Донбас се успешно исполнети, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
Тој изјави дека од почетокот на руската воена операција во Донбас, соборени се два украински авиони Су-27, два Су -24 , еден хеликоптер и четири офанзивни беспилотни летала „Барјактар“ .
Според Игор Конашенков, армијата на ДНР и ЛНР напреднала шест до осум километри во длабочината на територијата, благодарение на поддршката на артилерија и воена авијација.
„Во ударите на руските вооружени сили беа оневозможени 83 копнени објекти на воената инфраструктура на Украина“, рече Конашенков.
Генерал-мајорот нагласи дека благодарение на преминот на руската армија кон Херсон , каналот Северен Крим е успешно деблокиран и дека е обновен доводот на Крим со вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…