Галески: ЈП Градски паркинг била киднапирана институција од страна на лица од власта, роднини и пријатели на лидер на политичка партија на власт дел од вработените во оваа институција
Јас ќе бидам по конкретен, очигледно информациите говорат за големи злоупотреби во ова јавно претпријатие и од тоа не смеат да бидат амнестирани ниту еден од учесниците во овој предмети и би рекол скандал и за ова мора да се говори јавно, вели Галески советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје.
Во однос на финансиската состојба на јавното претпријатие Градски паркинг, Галески посочи дека и покрај субвенциите од 37 милиони денари доделени од Град Скопје, истото е со долг кон градот од 33 милиони денари што покажува злоупотреба на институцијата и создавање на паралелен систем, односно како што рече тој и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта не плаќале.
– Финансиската ситуација на претпријатието говори дека градот Скопје на ова претпријатие има доделено 37 милиони денари субвенции, а епилогот на работата од ова е 33 милиони денари долг кон Град Скопје на ова претпријатие. Како се креираат долговите видовме во јавноста имиња на пратеници, бизнисмени, министри и политичари од власта кои што практично го злоупотребувале системот и создале паралелен систем и додека сите други граѓани плаќале за услуга која што ја добиваат овие луѓе не плаќале, рече тој.
Галески смета дека втора причина за лошата финансиска состојба се и вработувањата во претпријатието, додавајќи дека на списокот кој што го добил од свиркачи може да се забележат имиња на роднини и лица блиски до власта кои што практично ја киднапирале институцијата.
– И зошто се креираа долгови втората причина е овој список кој што го држам во рака кој што ми е даден од свиркач каде што може да се прочитаат имиња на вработени, роднини на луѓе кои што се од власта и кои што практично ја киднапирале самата институција. Ќе го прочитам главниот критериум за вработување во оваа институција. Едниот вработен е член на претседателството на една политичка партија, таму е вработена и неговата сопруга, едно од лицата кое што беше често споменувано од јавност доби и унапредување, сега е директор на друга државна институција под надлежност на централната власт. Во ова киднапирано претпријатие има и внука на основачот на една политичка партија на власт, има роднина на претседател на една политичка партија која што е на власт, исто така неговата сестра е таму вработено. Исто така има вработено една роднина на генерален секретар на една политичка партија која што е на власт, кумашин на политички лидери од власта, кумови итн, потенцираше Галески.
Ова говори дека оваа институција била силно киднапирана и сега се дава одговор зошто има таква финансиска состојба каква што има. Значи не е само паралелниот систем кој што бил воведен а преку кои што биле злоупотребувани финансиите на претпријатието, туку и самото претпријатие било киднапирано, нагласи Галески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…