Арсовска го исполни ветувањето: Драстично намалени цените на паркингот во Скопје
На денешната седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука за намалување на цените на паркингот во Скопје. Со ова градоначалничката Арсовска исполнува едно од клучните ветувања од нејзината предизборна програма.
Го пренесуваме соопштението во целост:
“Од први март поевтино зонското паркирање во Скопје
Советниците на денешната 5-та седница ја разгледаа информацијата за состојбите во ЈП Градски паркинг Скопје, и дадоа согласност на Одлуката за измени и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ова претпријатие.
На седница на Управниот одбор на претпријатието претходно беше донесена одлука за намалување на цените во зоните на паркирање во градот, што денеска беше изгласана од советниците на Град Скопје.
Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари.
Ваквата одлука за намалување на цената на паркирањето во Скопје се применува од 01.03.2022 година.” – стои во соопштението на Град Скопје.
а.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…