Украински вoјници распоредуваат тешко oружје меѓу станбените згради и користат цивили како штит

t

Киевските трупи распоредуваат тешко оружје меѓу станбените згради во Мариупол – официјален претставник на ДПР
Заменик-шефот на Народната милиција на ДПР Едуард Басурин прецизираше дека на цивилите не им е дозволено да бегаат од населбите под контрола на киевските трупи за војниците да се сокријат зад нивниот грб, пренесува ТАСС

Разузнавањето на Доњецката Народна Република (ДПР) има податоци дека украинските војници распоредуваат тешко оружје меѓу станбените згради во Мариупол и Артјомовск (украинско име Бахмут), изјави во четвртокот заменик-шефот на Народната милиција на ДПР Едуард Басурин.

„Според податоците од нашето разузнавање, киевските трупи распоредуваат тешко вооружување меѓу станбените куќи во Артјомовск и Мариупол“, рече тој на брифингот.

Басурин, исто така, рече дека на цивилите не им е дозволено да бегаат од населбите под контрола на киевските војници за да се сокријат зад нивниот грб.

„На излезот од населбите, војската на Киев постави дополнителни контролни пунктови, забранувајќи им на цивилите да ги напуштаат градовите. Оваа акција сигнализира дека украинските вооружени лица планираат да се кријат зад цивилите“, нагласи Басурин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…