Тeнзично и на истокот: Тајван ги прeсретна кинеските бopбени авиони
Тајван подигнал борбени авиони за да пресретне девет кинески борбени авиони кои влегле во воздушниот простор за кој Тајван тврди дека припаѓаат на островот, соопшти тајванското Министерство за одбрана.
Тајванското министерство наведува дека осум кинески борбени авиони Ј-16 и еден патролен авион Јун-8 влегле во нивниот воздушен простор. Откако тајванските авиони ги предупредиле, кинеските авиони си заминале, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Додаваат и дека била алармирана и противвоздушната одбрана која ја следи состојбата.
Портпаролот на Пентагон изјави за Фокс њуз дека САД биле информирани за приблжувањето на кинеските авиони до Тајван и дека и понатаму се загрижени поради провокативните воени активности во близина на Тајван кои би можеле да доведат до конфликт“.
Тајванските власти ја подигнаа борбената готовност и ја зајакнаа будноста во Тајванското Море поради ситуацијата во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…