Објавено на:

Кремљ: Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на преговори со Украина

t

Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Украина дека е подготвен да разговара за „неутралниот статус“ на Украина, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека успехот на руската специјална операција за прашањето за демилитаризација на таа земја е задолжителна компонента на тоа.

Тој исто така рече дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на преговори со Украина, рече Песков.

Според него, во руската делегација ќе има претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и администрацијата на Кремљ.

Тој рече и дека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко за време на разговорите со рускиот лидер изјавил дека Минск ќе ги обезбеди сите услови во однос на безбедноста за да се случат преговорите.

„Зеленски најави подготвеност да разговара за неутралниот статус на Украина. Првично, рускиот претседател Владимир Путин рече дека целта на операцијата е да им се помогне на ЛНР и ДНР, вклучително и демилитаризација и денацификација на Украина. И ова, всушност, е составен дел на неутралниот статус“, рече Песков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…