Падна уште еден град: Руската војска без отпор влезе во Мелитопол

t

Руската армија доцна вечерва без отпор влегла во Мелитопол, соопшти руското Министерство за одбрана
„Вечерта на 25 февруари, по слетувањето од морето во областа на населбата Азов (Украина), руските единици влегоа во Мелитопол без да наидат на отпор“, се наведува во извештајот.

Шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин изјави дека се зголемува бројот на украинските војници кои доброволно се предаваат.
„Тие ја донесоа вистинската одлука – да го положат оружјето, а не да пукаат во жителите на Донбас“, нагласи Пушилин.
Според него, секој од затворениците потпишува договор дека нема да учествува во воените дејствија, по што војната завршува за нив. „По завршувањето на борбите, тие ќе можат да се вратат дома“, рече Пушилин, додавајќи дека припадниците на украинските безбедносни сили кои нема да го положат оружјето ќе бидат ликвидирани.

Зеленски побара од Бајден да ги зајакне санкциите против Русија и воената помош
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за зајакнување на санкциите против Русија и воената помош за Украина.
„Само што разговарав со американскиот претседател за зајакнување на санкциите, конкретна поддршка за одбраната и антивоената коалиција. Благодарни сме на САД за силната поддршка за Украина!“, напиша Зеленски на Твитер.

Втор ден од почетокот на руската воена операција во Донбас. Руската армија онеспособи 118 објекти од воената структура на украинската инфраструктура и ја презеде контролата врз Чернобил.
Во меѓувреме, официјален Киев објави дека е подготвен за преговори со Русија за неутрален статус. Гранатирањето продолжува во Донбас. НАТО денеска одржува вонреден самит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…