(Фото) Се венчале неколку часа по руската инвазија, а првиот ден од бракот купувале пушки

t

Двојка од Украина се венчала по руската инвазија и првиот ден од бракот купувале пушки.

Двојка од Украина, Јарина Ариjева и Свјатослав Фурсин, се венчале неколку часа откако Русија ја започна инвазијата врз нивната земја. Првиот ден како брачен пар го поминале набавувајќи пушки и спремајќи се за одбрaна на Украина.

Требало да се венчаат во мај, но по заканите на Путин не биле сигурни што ги чека во иднина, пишува Си Ен Ен.

Аријева и Фурсин доброволно се пријавиле во Силите за територијална одбрана, огранок на украинските вооружени сили коишто се составени главно од доброволци. Откако добиле оружје, отишле во канцеларијата на својата политичка партија, Европска солидарност.

-Моментално сме тука и правиме сѐ што можеме, има многу работа. Се надевам дека се ќе биде во ред, рекла Аријева и додаде дека пушки добиле и некои цивили кои не биле дел од одбрамбените сили.

  • Постојат места на кои можете да ги добиете, само потпишете документи и можете да одите да ја браните својата земја. Таква е моменталната ситуација. рекла таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…