Објавено на:

Британската министерка за надворешни работи: Војната може да биде „почеток на крајот за Путин“

t

Рускиот воен напад врз Украина „може да биде почеток на крајот“ за претседателот Владимир Путин, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Зборувајќи за програмата на Тревор Филипс на Скај њуз, Трас рече дека „гледаме силен и храбар украински отпор“ и дека Британија „ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје и економска поддршка“.

Таа рече дека верува дека Путин „прави стратешка грешка“ со оглед на штетата што западните санкции ќе и ја нанесат на руската економија.

Но, таа посочи дека војната може да се одолговлекува „неколку години“, додавајќи:

– Се плашам дека ова нема да заврши наскоро. Се плашам и дека овој конфликт може да биде многу крвав – изјави таа.

Запрашана за санкциите од Обединетото Кралство, Трас рече дека „составила список на олигарси“ и сугерира дека ќе има „програма за санкции во движењег“.

Војната во Украина ќе ја чини Британија, рече таа. Но, Британците ја разбираат цената што би ја платиле доколку сега не му се спротивстават на Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Хронолошки случувања на Велики Петок и…

ХРОНОЛОШКИ СЛУЧУВАЊА НА ВЕЛИКИ ПЕТОК И ПРЕВЕЗОТ…

(Видео) Голем пожар во Берлин: Затворени врати…

Берлинската противпожарна бригада ја предупреди јавноста за…

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во…

На Денот на слободата на медиумите, американската…

Станиците за технички преглед со речиси тројно…

Континуиран е растот на добивките на станиците…

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме…

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон…