Објавено на:

Столтенберг: Поддржуваме политичко решение, во меѓувреме ја зголемуваме нашата поддршка со снабдување на Украина со повеќе пpoтивтенковски, противвоздушни системи и муниција

t

НАТО го поддржува политичкото решавање на украинскиот конфликт откако тој почна да се развива, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, коментирајќи ги планираните разговори меѓу Украина и Русија во регионот Гомел.
Украина ги координираше преговорите во регионот Гомел и таму оди руска делегација, изјави претходно Владимир Медински, помошник на претседателот на Руската Федерација. Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, напомена дека на ова му претходел телефонски разговор меѓу претседателот на Белорусија , Александар Лукашенко и претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
„Имам целосна доверба во претседателот Зеленски и неговата проценка колку овие разговори ќе бидат корисни за изнаоѓање политичко решение за конфликтот. Сето ова време, НАТО ја поддржува потрагата по политичко решение“, рече Столтенберг во интервју за Си-Ен-Ен.
Сепак, тој рече дека се уште не може да процени дали Русија е навистина подготвена за дијалог со Украина за принципите на добра волја и почитување на територијалниот интегритет на оваа земја.
НАТО не гледа непосредна закана во Русија
Столтенберг додаде дека НАТО не ја гледа Русија како неизбежна закана за нејзината безбедност, но истакна дека нејзините акции станале значително поагресивни.
„Не гледаме непосредна закана, но гледаме многу поагресивна Русија која ги предизвикува нашите фундаментални безбедносни вредности со употреба на сила против Украина и заканувајќи им се на сојузниците во НАТО“, рече Столтенберг.
Осврнувајќи се на темата за евентуален влез на Украина во алијансата, тој истакна дека само Киев и земјите од НАТО можат да го решат ова прашање и дека за тоа е потребен консензус од сите 30 земји-членки на алијансата.
„Нашата порака до Русија е дека Украина е таа што одлучува дали сака да влезе во НАТО или не, рече Столтенберг, додавајќи дека НАТО ја смета Украина за вреден партнер и ќе продолжи да ја поддржува.
Столтенберг рече и дека НАТО ја засилува испораката на противтенковски и противвоздушни системи, како и муниција за Украина.
„Продолжуваме да ја зголемуваме нашата поддршка со снабдување на Украина со повеќе противтенковски, противвоздушни системи и муниција за земјата да може ефективно да се заштити“, рече Столтенберг.
Русија во четвртокот наутро започна специјална операција со цел демилитаризација и денационализација на Украина. Во телевизиско обраќање до Русите, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“ и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош.
Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го остави оружјето и да си оди дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…