(Видео) Улични бopби во Киев: Руската вoјска се бopи со укрaиснките сили
Улични борби се водат во Киев. Во тек е пукање во воената единица на 101-та посебна безбедносна бригада на Генералштабот на Украина во близина на метро станицата Берештеиска.
Улични битки се водеа и во вториот по големина украински град, Харков. На социјалните мрежи вирално се шират снимки од руски трупи кои се навлезени длабоко во Харков. На видеата се гледаат руски војници и тешка оклопна механизација како се движи по улиците на градот.
Во моментов видеа од Харков споделуваат и Украинците кои водат улични битки со руската армија.
Според она што може да се види од видеото не се работи за припадници на украинската армија, туку доброволци на кои им е доделено оружје.
Харков е најголем град во источна Украина и втор по големина град во земјата. Градот е административен центар на истоимената област и претставува главен научен, индустриски и студентски центар во Украина. Во време на СССР, градот бил најголем центар за производство на тенкови, трактори и турбини и трет најголем индустриски, научен и превозен центар после Москва и Санкт Петербург.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…