(Видео) Митовски: Македонци оставени сами на себе во Украина, лицата одговорни за евакуација им пишале дека се ќе биде во ред и не ги побарале повторно

t

Во денешната епизода од емисијта Тешки муабети со Милош Милошевски и Јанко Илковски на Инфомакс, ексклузивно се вклучи Сашо, Македонец кој живее во Киев, а кој не успеа да се евакуира на време. Сашо побарал помош од македонската амбасада, од каде му рекле дека списоците се направени и дека ќе го побараат за понатамошни упатства, но никој не му се јавил до овој момент.

Како што информираше уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, лица одговорни за обезбедување на помош на македонски државјани во Украина се Силвана, амбасадор во Романија којашто е надлежна за помагање при евакуаија на македонски државјани, Маријан Сифрониевски, кој што не им се јавил на луѓето кои го барале, туку само им пратил порака дека се ќе биде во ред.

Исто така, лично Бујар Османи, има испратено пораки во една од групите на македонски граѓани во Украина, а по пораката го нема никаде да се јави.

Како што изјави Сашо, тие не се единствените македонски државјани кои се заглавени вo Киев, истата судбина ја делат уште неколку семејства со кои тој секојдневно комуницира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден побара продолжување на испораката на оружје…

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…