(Видео) Сашо до МНР: Не ни треба ништо друго, само да не евакуирате од овде
Сашо, Македонец со постојан престој во Украина, кој моментално се наоѓа во Киев, зборувајќи за ситуацијата во која се наоѓа, во емисијата Тешку муабети на Инфомакс, истакна дека тој, односно неговото семејство не е динственото кое не било навреме евакуирано.
Како што изјави Сашо, во Киев има уште неколку македонски семејства со кој тој е во контакт секој ден за да се увери дека сите се добро.
Сашо и неговото семејство не го напуштиле станот два ипол дена бидејќи е прогласен полициски час на територијата на градот. Намирниците им се при крај, но нема како да набават нови залихи, или да побараат хуманитарна помош или било кој што ќе им помогне.
Тој апелира до министерството за надоврешни работи на Република Македонија да најдат начин да ги евакуираат своите сограѓани
„Јас би сакал да дојде апел до нашата власт, до министерството за надворешни работи, да организира евакуација на нивни граѓани, македонски граѓани. Тоа е главниот апел. Не треба ништо друго. Јас мислам имаат сила да го направат тоа“, апелира Сашо.
Според последните информации, Посла ги затвори границите, а за влез во Молдавија се чека најмалку 24 часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…
Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…