(Видео) Ако нема геј парада нема демократија – ќе ја шириме ЕУ или НАТО? Операцијата на Русија е правно оправдана ама Европа ќе настрада
Во емисијата Тешки муабети со Милош Милошевски и Јанко Илковски на Инфонакс главна тема беше руско-украинската криза, економското влијание за Европа, зошто почна овој конфликт и дали е правно оправдан
Јанко објасни дека проблемот на САД е Кина и дека можело да има здрав баланс на светот доколку не се вмешале како што вели тој демократи како Сорос.
“Кисинџер е главен креатор на глобалната политика и денес има огромно влијание, одамна им вика дека претераа, имале договор со Русија за обостран развој и ова не требаше да се случи во Украина.
Тие од војна живеат, тоа е нивно и тоа им е единствена држава да се шират, па чекајте сега… ЕУ ќе ја шириме или НАТО? Мислам дека Кина е поблемот не Русија, да се искине сета суровина од која Кина живее. Никој не ја предвиде сороспизацијата што се случи, си имаа дип стејт доктрина ама влезе тоа лоби на Сорос. Имаше многу здрав баланс меѓу двете сили и светот се развиваше, се отиде во … откако Сорос се појави, излезе нема демократија оти некаде нема геј парада.
Зошто беше толкава хистеријата кога Хилари изхуби? Затоа што се им било договорено, Трамп вика дека немаше ова да се случи да беше тој претседател. Пентагон е само маша.” – вели Јанко.
Александар Митовски објасни дека воената операција на Русија е издржана според меѓународното право и објаснува дека и претходно се случувало.
“Ако некој е оштетен од војната тоа е само Европа за да не може таа да се осамостои од Американскиот пазар и да го надмине евентуално. Додека САД не излезе со санкции ни Европа не објави никакви санкции, привите 15 часа Украина остана сама на себе.
Дали е оправдано што Путин започна специјална воена операција? Тоа е дериватив на меѓународна резолуција во која е оправдано доколку поради геноцид ја почнат таа операција. Во регионот на Донбас има убиено помеѓу 10 и 14 илјади цивили, убиени се по потпишување на договорот од Минск по кој требаше да се прекине конфликтот. Украина го прекрши договорот и продолжи со геноцидно однесување во тој регион.
Киев во неколку наврати затвори неколку капацитети за снабдување со вода на овие региони до Доњецк, Луганск и Крим, луѓето немаа вода за пиење 4 години. Русија правеше напори да донесе вода ама не успеа, овие направија брани.
Путин имаше најмалку десетина предупредувања дека ќе дојде до оваа ситуација.
Земете ја аналогијата на Ирак, Америка интервенираше за да спречи геноцид ан некои племиња, а потоа отидоа до Багдат и го убија Садам Хусеин, или Гадафи или Милошевич. И оваа операција е иста како овие, ама претходните се оправдани,а оваа не се оправдува.
Понудените мировни преговори сега не се одржаа оти Украина не сака да преговара, а руската делегација отиде да преговара. русија е финансиски блокирана, блокирани се сите руски медиуми, забрабнети се прелети на руски авиони над европско небо и забранета е секаква трговија. Од оваа ситуација штета ќе има Европа. Како Германија ќе го плати гасот од Русија? Нема да го плати и веќе е затворен гасот.
Како автомобилската индустрија ќе функционира челик, алуминиум и платина ако Русија не го извезува? Како ќе функционираат земјоделците кога база за сите пестициди е нафтата?” – вели Александар Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…