Украинските власти користат цивили како жив штит, Зеленски иако знае за воeните операции, молчел

t

Украинските власти користат тактика на „жив штит“ на цивили, изјави украинската пратеничка Кива

Кива тврди дека Зеленски е криминалец знаел за почетокот на воената операција, но не преговарал.

Според најновите информации, преговорите меѓу делегациите на Москва и Киев за запирање на руската офанзива во Украина ќе започнат во понеделник рано утрото, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на неименуван извор.

Не станува збор за одложување, средбата ќе се случи утрото, а причината е лoгистиката на украинската делегација, рекол соговорникот на агенцијата.

Претходно во неделата шефот на руската делегација на преговорите, помошникот на рускиот претседател Владимир Меденски, изјави дека е постигнат договор со украинската страна средбата да се одржи во регионот Гомел во Белорусија.

Според изворот на ТАСС, руската делегација веќе заминала од Минск кон местото на средбата. Точната локација каде што ќе се сретнат руската и украинската делегација нема да биде откриена, додал.

Претходно во неделата порталот Sputnik Беларусь објави дека разговорите ќе се водат на белоруско-украинската граница на преминот Александровка-Вилча.

Четврти ден од воената операција во Украина. Преговорите меѓу Москва и Киев почнуваат во понеделник наутро. Путин нареди посебен режим за руските стратешки сили. Борбите во Донбас се уште траат. Руската армија објави дека уништила повеќе од илјада украински воени објекти. Европската унија ја забрани работата на Спутник и РТ и целосно го затвори своето небо за руските авиони.
Откако Киев ја засили офанзивата против ДНР и ЛНР, Русија, на барање на републиките, ја призна нивната независност и ги ратификуваше договорите за пријателство и соработка. Три дена подоцна, рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на специјална воена операција во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телефонски разговор меѓу директорите на ЦИА и…

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање,…

Лавров:Колективниот Запад се обидува да ѝ нанесе…

Колективниот Запад се обидува да ѝ нанесе…

Русија осуди фотограф на 16 години затвор…

Руски суд во четврток соопшти дека го…

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…

Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…