(Видео) Бaјден дирекно се мешал во украинското прaвосудство, барал рaзрешување на обвинитeл во замена за една милијарда долари
Во најновата епизода од емисијата Тешки муабети со Милош Милошевски и Јанко Илковски на Инфомакс, беа откриени прислушкувани разговори во кои јасно се слуша како интересите не ЕУ не се воопшто битни за Америка, и како американската администрација се договара кој ќе биде на власт во Украина.
Милошевски и порано ја спомена украинската компанија за нафта и гас, „Борисма холдин“, во чиј одбор на изввршни директори се наоѓа Хантер Бајден синот на Џо Бајден.
„Она што е интересно е е што Бајден, актуелниот претседател, тогаш потпретседател, барал од Петар Порошенко, тогашниот украински претседател да смени еден јавен обвинител. Тој јавен обвинител имал покренато истрага протв Борисма Холдиинг и Хантер Бајден. На снимките се слуша како Америка поставувала јавни обвинители односно се мешала во правосудниот систем на Украина. Како замена за ‘услугата’, се нуди финансиска помош од една милијарда долари, појаснува Милошевски.
Дрскоста на Бајдн оди до таму што јасно се фали дека вршел притисок да се разреши обвинителот, во спротивно нема да го потпише указот за финансиска помош на Украина, како и дека постави временски ултиматум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…