150 планинари заглавени на Пелистер поради неисчистен пат

t

Околу 150 планинари од планинарското друштво „Лисец“ од Штип, придружувани од колеги од Србија и Бугарија, кои учествуваа во традиционалниот Февруарски поход, се пожалија дека останаа заглавени на Пелистер. Велат дека не можат да го напуштат хотелот „Молика“ зашто единствениот асфалтен пат кој води низ Пелистер и од каде треба да заминат, има наноси од снег и не е исчистен.

Планинарите викендов учествуваа во планинарскиот поход и хотелскиот аранжман им беше до 11 часот денес. Реагираат дека со часови чекаат да се расчисти патот за да можат да си заминат дома. Меѓу нив има и десетина деца, најмалите на возраст од седум години.

„Ние сме со лесни возила, а патот не е исчистен, добивме ветување од надлежните на ‘Македонија пат’ дека ќе го исчистат, но ете веќе три часа чекаме. Меѓу над има и планинари од Србија и Бугарија кои ги чека подолг пат за дома. Сега седиме внатре во хотелот и чекаме “, изјави Вишна Шурова –Ангелова од планинарското друштво „Лисец’.

Извор: СДК.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…