ЕУ ја притиска Србија да воведе санкции кон Русија – Србите сеуште не попуштаат
„ЕУ и партнерите презедоа силни мерки како одговор на дејствијата на Русија, а од земјите кандидати како Србија се очекува да се усогласат со одлуките во областа на надворешната политика. Очекуваме сите земји кои сакаат поблиски односи со ЕУ да се усогласат со политиката на санкции“, изјавија денеска портпаролите на Европската комисија откако Србија излезе со став оти не планира да воведе санкции против Русија
Европската комисија денеска стави на знаење дека очекува од сите земји кандидати за членство во ЕУ да се усогласат со политиката на санкции против Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Претходно, Србија ја осуди инвазијата врз Украина од страна на руските сили, но не усвои санкции против Русија, како што тоа го сторија земјите-членки на ЕУ. Европските челници вчера и денес повторија дека очекуваат од Белград тоа да биде сторено.
Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, вчера ги повика земјите од Западен Балкан да се усогласат со санкциите против Русија, а од Европската комисија денеска повторно пристигна истата порака, бидејќи „усогласувањето со одлуките и мерките во областа на надворешната политика на ЕУ е дел од процесот на зачленување во ЕУ“.
„Знаеме дека единството и одлучноста да дејствуваме се нашата сила. ЕУ и партнерите преземаа силни мерки како одговор на дејствијата на Русија, а од земјите-кандидати како Србија се очекува да се усогласат со одлуките во областа на надворешната политика. Очекуваме сите земји кои сакаат поблиски односи со ЕУ да се усогласат со политиката на санкции“,
рекоа портпаролите на ЕК, Ана Писонеро и Ерик Мамер на денешниот брифинг за новинари.
Комисијата не спомена опција за замрзнување на преговорите со Србија доколку тоа не биде сторено и порача дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е процес кој може да потрае.
Претходно, на прес-конференција, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија нема да воведе санкции против Русија водејќи се од своите национални интереси. Тој меѓу другото додаде дека и Русија и Украина ги смета за пријателски земји, но и оти ги почитува територијалниот суверенитет и интегритет на Украина.
Вучиќ меѓу другото, додаде и дека Србија, кога ќе ја разгледува потребата од усвојување рестриктивни мерки или санкции, ќе се води исклучиво од заштитата на своите витални економски и политички интереси, почитувајќи ги традиционалните пријателства, не заборавајќи што се случувало во 1999 и 2015 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…