Монах oд Света Гора прогласен за светец имаше привидение кога ќе започне Трета Светска Војна: Клучниот услов денес го исполни Турција!
Свети Пајсиј Светогорец со световно име, Арсениос Езнепидисе е православен аскет од Света Гора, по потекло од Фараса, Кападокија. Тој е почитуван поради неговото духовно водство и аскетски живот и многу луѓе ширум светот многу го почитуваат старец Пајсиј, особено во Грција и во Русија.
Преподобен старец Пајсиј беше прогласен за светец на 13 јануари 2015 година од Светиот синод на Вселенската патријаршија и црквата го одбележува неговиот празник на 29 јуни, односно 12 јули соогласно двата различни црковни календари.
Светиот синод на Руската православна црква одлучи на состанокот од 5 мај 2015 година, исто така, да го додаде името на преподобниот Пајсиј Светогорец во менологијата на Руската православна црква, со што ќе го одреди неговиот празник на 29 јуни/12 јули, усогласувајќи се со Менологијата на Константинополската Православна Црква.
Она што е многу интересно е што светецот имал многу привиденија кои се однесувале на геополитиката.
На старец Пајсиос му се припишуваат голем број геополитички пророштва. Тие го вклучуваат предвидувањето дека ќе избор војна помеѓ Турција и Русија и дека оваа војна ќе доведе до обновување на Голема Грција и ослободување на други земји вклучувајќи ја Албанија, остатокот од Македонија и Византија (Константинопол) и конверзија на дел од Турците од исламот во православното христијанство
Еромонахот Макариј Светогорски собрал некои од пророштвата на свети Пајсиј и ги објавил во 1990 година, кога светецот сè уште бил жив: „Зборови на мудроста и благодатта на старецот Пајсиј Агиорејски, јас“.
Главниот предуслов според пророштвата на свети Пајсиј за почеток на Трета Светска Војна е нешто што се случи токму денеска.
Според светецот кога Турците ќе го затворат Босфорот за руските бродови ќе започне одбројувањето за уништувањето на Турција нејзината поделба на 3 или 4 дела, а неколку месеци подоцна ќе започне Третата Светска Војна.
Турските власти денеска соопштија дека блокираат преминување на воени бродови од клучните теснеци Босфор и Дарданели, согласно конвенцијата што обезбедува контрола врз преминувањето на воените бродови во стратешката област.
– Ги известивме двете земји од регионот и други места да не минуваат воени бродови низ Црното Море. Ја применуваме Конвенцијата од Монтре – изјави министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Конвенцијата од Монтре, потпишана во 1936 година, ѝ дава на Турција одредена контрола врз движењето на воените бродови низ Дарданелите и Босфорскиот теснец што ги поврзуваат Егејското Море, Мраморното и Црното Море.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…