(Видео) Ласовска: Пратениците од власта одбија предлог законско решение на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на платите на наставниците
На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска го образложи законското решение поднесено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на платите на наставниците, практично истото законско решение кое што е во собраниска процедура но без делот за партизација и неквалитет во образованието, предлог кој што пратениците од власта го одбија.
-Ова законско решение го поднесуваме од причини што преголемата медиумска застапеност и негативно образложение во јавноста дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против покачувањето на платите за наставниците е апсолутно неточно. Постоечкото решение не е добро бидејќи врши преголема партизација и дискриминација на наставниот кадар. Се зголемува општиот ризик за продуцирање на технолошки вишок, заради барањето трансформација да се врши сега и веднаш. Намалување на квалитетот на образовниот процес. Тоа се основни причини заради кои што законското решение кое што е во собраниска процедура не е добро, истакна Ласовска.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска истакна дека доколку власта се грижи изминатите пет години за обрaзовниот процес и зголемување на платите на наставниците истото можела да го реши со колективниот договор кој што веќе постои.
-Доколку на сите нас ни се приоритет платите на наставниците тогаш го предлагаме ова законско решение кое што ќе помогне како законска основа за почитување на колективниот договор и конечно оваа влада која што пет години владее со државата да разбере дека не може да ги манипулира наставниците и наставниот кадар и ако сакаше до сега да им го реши статусот и нееднаквоста на платите можеше да го реши со почитување на колективниот договор кој што постои, нагласи Ласовска.
Ласовска ги повика пратениците на СДСМ и ДУИ да го поддржат законското решение за решавање на статусот на наставниот кадар, решение кое што практично е истото кое е во собраниска процедура но без делот за делот за партизација и неквалитет во образованието, но пратениците од власта таквиот предлог го одбија.
-Ве повикувам да го изгласаме заедно ова законско решение да почне да се решава социјалниот статус на наставниот кадар и да почнеме оттука, а за следните законски решение да најдеме начин дијалог како тие законски решенија да ги направиме уште подобри. Законското решение кое што вие го поднесовте но тргнат делот за партизација и неквалитет во образованието еве прилика да се изјасните дали сте за покачување на платите на наставниот кадар или не, истакна Ласовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…