Гувернерката на НБРМ смирува: Денарот и банкарскиот систем е стабилен – нема руски и украински банки кај нас
Граѓаните да бидат спокојни, курсот на денарот останува стабилен и понатаму, исто како и банкарскиот систем. Нема банка во доминантна сопственост на акционери од Русија или Украина, од овој аспект, не постои изложеност на ризик и можност за влијание врз стабилноста на банкарскиот систем, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за весникот „Вечер“.
-Ние имаме фиксен курс на денарот, врзан за еврото. Оттаму од исклучителна важност за одржување на курсот се девизните резерви. Девизните резерви со кои располагаме се околу 3,4 милијарди евра, односно се на високо ниво и се во целост конзистентни со нашите очекувања.
Ова ниво е повисоко во однос на нивото на девизни резерви кое го имавме пред пандемијата, а за споредба, во 2008 година, кога исто така ја одржавме стабилноста на денарот и покрај глобалната финансиска криза, нивото на девизни резреви беше два пати пониско. Во својот извештај од редовната мисија во нашата земја, ММФ јасно посочува дека курсот е целосно конзистентен, и со економските параметри и со проекциите и со политиките кои ги водиме, односно дека низ годините тој бил сидро на стабилноста на нашата економија“, посочува гувернерката.
Состојбите во банкарскиот систем се стабилни, истакнува Ангеловска-Бежоска.
Податоците покажуваат дека продолжува трендот на кумулативно зголемување на депозитите во домашните банки и во текот на февруари. Анализите на неделните промени на депозитите на домаќинства во просек упатуваат на поповолни движења во последната недела од февруари, заклучно со 27 февруари, во однос на претходната недела од месецот.
Гувернерката во интервјуто повикува на подигнување на општата свест, дека со ширење на лажни вести се нанесува штета на граѓаните. Особено во време на вакви глобални турбуленции, треба да видиме како сите заедно можеме да ја надминеме со минимум последици, а не да креираме штета таму каде што реално нема, истакнува Ангеловска-Бежоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…