Милошевски: Некогаш за да биде подобро мора да стане уште полошо

t

Новинарот Милош Милошевски на неговиот Фејсбук профил објави кратко мислење за моменталната ситуација во која се наоѓа човештвото.

Во неговата објава тој пишува за погрешната перцепција на луѓето кои ги граделе пирамидите или Хитлеровите војници кои управувале со логорите.

За да биде подобро некогаш мора да биде полошо, заклучува Милошевски.

Ова е неговиот Фејсбук статус:

Ништо во светот не е сменето само човекот се враќа на старите навики, а некои песимисти би рекле и она што му е природна состојба.

Да. Поголемиот дел од човековата историја војната била природна состојба за човештвото, а најголемиот проблем е што човекот многу лесно се адаптира.Кога ќе ги погледнете пирамидите си мислите дека сигурно вонземјани ги изградиле, но тие биле исти како нас од крв и месо.

Сигурно мислите дека чуварите во нацистичките логори на Хитлер или гулазите на Сталин биле ѕверови. За жал не, и тие биле луѓе од крв и месо исто како нас, голем дел од нив од почитувани и угледни фамилии.

Единствената разлика од тогаш до сега е акумулираното знаење.Ама што ќе ти е сето знаење на светот без да имаш искуство.Човекот редовно заборава дека ѓаволот ниту ора, ниту копа.

А најголемата лага на ѓаволот е кога го убедил човекот дека не постои.Веројатно до тука не доведе тој морален релативизам и oтсуството на чувство за вредности бидејќи ако не постои добро, не постои ни лошо. А некогаш за да биде подобро едноставно мора да стане уште полошо.” – стои во објавата на Милошевски.

Линк фо Фејсбук профилот: https://www.facebook.com/100015404261981/posts/1294004911122972/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ