Објавено на:

УХМР: Времето денес ќе е суво и ветровито

t

Во текот на денешниот ден, како и утре времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Особено денес ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа од петок попладне и навечер следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на ниските и од снег на повисоките места и на планините.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, додека пад на истите ќе има за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 24 часа ќе…

Територијата на нашата Република Македонија во следните…

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со…

Доаѓа топол бран од Африка: Температури до…

Пред нас е нов бран на повисоки…

Не заборавајте: Еве кога се поместуваат стрелките…

Менувањето на часовникот се случува двапати годишно…

Времето денес променливо облачно со слаб ветер

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува…