Објавено на:

Гасот над 2.000 долари

t

Цената на гасот во Европа утринава порасна на повеќе од 2.000 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Вкупниот раст на цената на гасот достигна 22,5 отсто, пренесува агенцијата ТАСС.

Во холандскиот центар ТТФ се тргуваше со гас за априлска испорака (фјучерс договори) по цена од 2.011 долари за илјада кубни метри, или 149 евра за мегават час, според актуелниот курс на еврото во однос на доларот.

Инаку силниот раст на цената на нафтата продолжи, бидејќи руско-украинскиот воен конфликт донесе паника на пазарот и страв од можен недостиг.

Американската нафта WTI скокна на највисокото ниво од 2013 година за време на вечерашното тргување, додека глобалната референтна марка, европската нафта Брент, надмина 110 долари за барел поради огромната побарувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Првиот мировен самит за Украина е…

Првиот мировен самит за Украина, кој ќе…

Британскиот МНР Камерон: Украина има право да…

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид…

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети,…

Русија во нападите врз Украина во април…

Макрон: Ако Киев побара, Франција би размислила…

Доколку руската армија ја пробие линијата на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…