Путин нема да му одговори на Бајден за упатените лични прозивки и закани
Рускиот претседател Владимир Путин најверојатно нема да одговори на зборовите што му ги упати американскиот претседател Џо Бајден во синоќешното телевизиско обраќање во рамките на својот говор „Состојбата на Унијата“ околу состојбата на нацијата
Во говорот Бајден му порача на Путин дека „доаѓа по него“ и дека тој е виновен за ескалацијата на конфликтот и потсети дека „историјата покажала“ дека диктаторите создаваат уште поголем хаос кога нема да бидат казнети или да платат висока цена за своите постапки.
Џил Доерти, долгогодишен шеф на канцеларијата на дописникот на Си-Ен-Ен во Москва, проценува дека Путин нема да одговори на забелешките на Бајден кои би можеле лично да се толкуваат и објасни зошто.
„Тие лични коментари што ги даде Бајден – Путин е изолиран, тој е диктатор, тој е виновен – се работи што би го иритирале рускиот претседател. Но, мислам дека нема да му одговорат. Путин е свесен дека од овие обвинувања не треба да се брани Што ќе каже? „Јас не сум диктатор. Русија еиднствено може само да се обиде да ги уништи аргументите на Бајден заобвинувањата кон Путин“, рече таа.
Руската телевизија синоќа известуваше за говорот на Бајден, но не се занимаваше со коментарите околу обвинувањата на Бајден упатени кон Путин .
„Суштината на говорот на Бајден беше одлуката САД дека ќе го затворат воздушниот простор за Русија, дека е покрената нова истрага против олигарсите и дека претседателот повтори дека САД нема да испраќаат војници во Украина. „Тие се мешаат на лично ниво, иако ова е војна на Владимир Путин. Тие се обидуваат да ја заштитат Русија и се фокусираа на проблемите со кои ќе се соочи Русија“, заклучи таа.
Аналитичарите претходно изнесоа теорија за менталната состојба на Путин и открија зошто Русија според ставот на Путин не смее да ја загуби војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…