Резултатите од пописот нема да бидат „весела математика“ вели директорот на ДЗС

t

На крајот на март Државниот завод за статистика ќе ги соопшти резултатите од пописот. Тие сеуште се предмет на обработка, вели во интервју за НоваТВ , директорот Апостол Симевски, дополнувајќи дека се работи најпрофесионално според меѓународни стандарди за овој вид статистички операции со што ги поби разно-разните „теории на заговор“ за кои вели не можеле ад спречат никого да „ играат весела математика“. Што уште изјави Симовски од интервјуто што следува.

НоваТВ: Господине Симовски пописот беше и помина но резултатите и по речиси половина година се уште ги нема и стануваат предмет на лицитации? Кога ќе бидат објавени?

– Крајниот рок за објавување на податоците од Пописот е 31 март 2022, и тоа е најкусиот рок за обработка на пописни податоци што некогаш сме го имале. А во однос на лицитациите, не можеме никого да спречиме „да игра весела математика“, од проста причина што се уште траат обработките и податоците ќе бидат објавени во предвидениот рок.

НоваТВ: Кој тип на податоци се најтешки за обработка и анализа?

– Не постојат податоци кои се тешки или лесни за обработка. Постојат официјални статистички податоци и податоци од други извори кои не се дел од официјалната статистика. Државниот завод за статистика е максимално професионален во обработката на статистичките податоци кои ги произведува и при обработката ги почитува сите меѓународни стандарди, процедури и методологии за обработка на податоците. Затоа и податоците на Заводот претставуваат официјална статистика која е меѓународно споредлива.

НоваТВ: Дали имате помош можеби од Евростат?

– Да. Во рамките на проектот ИПА2017 Европската комисија ангажираше меѓународен експерт кој беше присутен во Заводот и беше поддршка во целиот процес на подготовка и спроведување на Пописот. Тој е во Заводот и сега и учествува во обработката на податоците заедно со тимот од ДЗС.

НоваТВ: Постои ли опасност и овој попис да стане предмет на политички препукувања?

– Пописот е статистичка операција и ние максимално се трудиме таква и да остане. За жал, во нашата држава на пописите на населението отсекогаш се гледало како на алатка за политички препукувања на што ние не можеме да влијаеме.. Единственото нешто што можеме да го направиме и максимално се трудиме за тоа да го постигнеме е да ги затвориме вратите за влез на политиката во институцијата и најпрофесионално да си ја вршиме статистичката дејност.

НоваТВ: Како ќе го браните интегритетот на резултатите со оглед дека јавноста кај нас се помалку им верува на државните институции и се повеќе прифаќа теории на заговор?

– Прво, немаме зашто да го браниме интегритетот не само на податоците од Пописот, туку и генерално на сите податоци што ги произведуваме! Заводот стои зад податоците што ги произведува и објавува и зад секој податок има методологија и процедури како тој податок е произведен. За тоа дали јавноста ни верува или не, доволен индикатор е бројот на корисници на статистички податоци кои секојдневно ја посетуваат нашата веб-страница и Макстат базата и ги користат нашите податоци. Со теории на заговор не се занимаваме бидејќи Државниот завод за статистика е професионална и независна статистичка институција која работи според строго утврдени стандарди и процедури.

Пишува: Соња Крамарска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Нова влада Црна Гора, прва одлука на…

Парламентот на Црна Гора рано утрово, по…

Во Албанија денеска почнува попис на населението…

Во Албанија денеска почнува една од најзначајните…

На Бугарија и “снема” скоро 845.000 државјани…

Според податоците од последниот попис, за десет…