(Видео) Русија бомбардираше уште два предаватели во Лисиканската и Луганската област: Илјадници луѓе се без интернет, телевизија и телефонска конекција
Руската армија со цел да ја онеспособи телекомуникациската мрежа на Украина, гранатира антени, предаватели и друга инфраструктура за мрежно поврзување. Голема е веројаноста дека цели региони во Украина ќе останат без интернет, телевизија и телефонска конекција.
Утрово руската армија исто така објави и дека го завземала Херсон, најголем град досега. Иако локалните власти тврдат дека градот е само опколен, според информациите и фотографиите кои се објавуваат оттаму, по се изгледа дека тврдењето на руската армија е точно. Се работи за најголемиот украински град кој досега руската армија успеа да го завземе.
Воедно, и најголемата нуклеарна централа во Украина е под контрола на руските сили, соопшти денеска Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информациите добиени од Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…