Ветераните на УЧК ќе одат на фронт во Украина по повикот на Зеленски за формирање на странски одред на доброволци
Ветераните на УЧК од Косово решија да се приклучат на Украинската армија во борбата против Руската армија, пренесува косовскиот медиум „Џок“.
Според нив, предводник на групата ветерани на терористичката УЧК ќе биде Фериз Делиу.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред два дена потпиша указ за формирање на т.н. легија на странци, а за сите доброволци кои сакаат да се борат на страната на Украина обезбеди безвизен режим.
„Сите што можат да се вратат, вратете се да ја бранат Украина. Сите пријатели кои сакаат да ни се придружат, ве молиме дојдете, ќе ви дадеме оружје“ – рече претседателот на Украина Володимир Зеленски пред неколку дена во изјава за медиумите.
„Се што треба да обезбедите е патна исправа“, рече Зеленски, објаснувајќи ја постапката за пристапување кон овој одред на странски доброволци на украинска страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…
Русија и Сирија постигнаа договор за руските…
Сирија и Русија постигнаа договор за иднината…