Османи: Семејството со новороденче се очекува денеска да ја напушти Украина

t

Македонското семејство со новороденче кое беше заглавено во Харков е извлечено од градот и е на безбедно, но го чека долг пат за излез од Украина и ќе треба да помине низ безбедни коридори, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Македонските власти се во постојана комуникација и очекуваат семејството денеска да ја напушти Украина.

Османи вели дека продолжува соработката со партнерските земји да ги извлечат и останатите Македонци безбедно од Украина.

„Денеска уште едно семејство од Запорожје преку воз излегува од Украина и двајца поединци исто така од нашите граѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштија Украина. Така што, во моментот имаме само еден од вкупно 30-те монитори во рамки на специјалната мисија којшто е останат во Украина“.

Другите граѓани, како што посочи Османи, ги комуницирале вчера, бидејќи денеска обезбедиле еден коридор. Проблем е што дел од нив не можеле да стигнат до местото од каде што тргнувал коридорот, од различни причини. Некои поради безбедносни причини, друг дел пак немале гориво за да можат да се движат низ коридорот, но Османи уверува дека прават напори да се создадат коридори коишто ќе бидат поблиску до нивното место на наоѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…