(Видео) Влада: Олеснет влез за Украинците во земјава, нема да им биде потребен негативен ПЦР-тест
На денешната владина седница донесена е одлука за олеснат влез на украинските државјани, како резултат на воената инвазија која се случува таму, информираше владиниот портпарол Душко Арсовски.
„На украинските државјани им се овозможува олеснет влез, односно нема да им биде потребен негативен ПЦР-тест на граничните премини“,
истакна Арсовски.
На украинските државјани кои во моментов престојуваат во Македонија ќе им се овозможи продолжување на престојот, информираат од Влада.
Арсовски дополни дека во моментов се прави анализа за сместувачките капацитети кои би биле понудени, а ќе има и помош за Украина во здравствениот сегмент, особено во делот на донирање на единици крв.
Владините портпароли истакнаа и дека Северна Македонија е свесна за бегалската криза и ќе им излезе во пресрет на бегалците од Украина, согласно капацитети со кои располагаме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…