(Видео) И Русија не остана подолна: Проекција на снимки од бомбардирањето на Југославија на фасадата на американската амбасада во Москва

t

На 24 февруари започна специјалната воена операција на Русија во Украина која има за цел, како што вели рускиот претседател Путин, да ја исчисти Украина од нацисти.

Западниот свет, пред се САД, членките на НАТО и ЕУ, но и многу останати држави ја осудија операцијата и ја нарекоа инвазија и повод за Трета Светска Војна.

Но имаше и држави кои го поддржаа рускиот претседател во неговите намери, меѓу нив Венецуела, Саудиска Арабија, а некои земји останаа неутрални во однос на ситуацијата.

Сепак нападите и осудувањата не доаѓаат само од страна на западниот свет.

Вечерва амбасадата на САД во Москва беше осветлена со специјална порака до западниот свет. На зградата можеше да се забележи проекција на нападите на Југославија во деведесеттите години на минатиот век.

“Амбасадата на САД во Москва. Проекцијата е насловна на Time од 1995 година со слика на експлозија која го оправдува бомбардирањето на Југославија.

Наслов: „Присилување на Србите на потчинување.
Масивен бомбашки напад ја отвора вратата за мирот“.” – стои во описот на видеото кое може да го погледнете во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…

Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

Москва го пофали Радев

Москва забележува промена во реториката на Софија…

САД се подготвени да го зголемат економскиот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…