Верски календар: Денеска е 19 февруари (по стар стил) и се слави Св. апостоли Архип, Филимон и Апфија.
Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето.
Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“.
Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква.
Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида, сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните.
Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Така ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадија од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодоа со ножеви. На тој начин овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот, и се престави кај Господа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Крстовден – Воздвижение на…
На овој ден се празнуваат два настани…
Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица,…
Литија по улиците во центарот на Скопје…
Денес се празнува Светиот маченик Созонт
Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…
Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин
Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…
Денес се празнува Светиот маченик Луп
Овој свет маж беше слуга кај Свети…