Објавено на:

Русија обвинува: Нуклеарната централа ја запалија Украинците, монструозна провокација

t

Русија ја окупираше нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, но за време на борбите меѓу руските и украинските сили кои траеја во текот на ноќта, административната зграда околу електраната се запали.

Украинските власти за тоа ја обвинија руската армија, велејќи дека ја гранатирале електраната, а украинскиот претседател Зеленски состојбата ја нарече нуклеарен терор.

Но Русите сега тврдат дека зградата во нуклеарната централа всушност била запалена од Украинците. Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за пожарот околу електраната и го нарече „монструозна провокација“.

Претставници на руското Министерство за одбрана, исто така, изјавија дека нуклеарната централа сега е под нивна контрола и работи нормално.

„Околу два часа по полноќ, патрола на руската национална гарда беше нападната од украинска диверзантска група. Беше отворен оган врз руски војници од објекти за обука лоцирани надвор од самата електрана, со цел да се предизвика возвратен оган. „Руските сили успеаја да ја елиминираат заканата, но при напуштањето на објектот, украинската диверзантска група ја запали зградата“, изјави Конашенков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гаши е невин, вели портпаролката на…

Владејачката коалиција се обедини во заштита на…

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал…

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36)…

Путин бесен: Ја обвини Украина за „тешка…

Претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за…

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…