Објавено на:

Вонреден министерски состанок на НАТО за одговор на руската агресија

t

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО заедно со Финска, Шведска и ЕУ денеска се состануваат вонредно во Брисел да се координираат за следните чекори пред засилената руската агресија во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Русија продолжува со нападите врз цивили, а ја окупира и нуклеарната централа во Запорожјe, предизвикувајќи страв од нуклеарен напад. Денеска министрите за надворешни на НАТО ќе разговараат за следните чекори, додека и натаму воено се засилува источниот фронт на Алијансата.

Едно од клучните прашања што се поставуваат е воведување на зона за забрана на летови врз украинското небо за да се заштитат цивилите од руските бомбардирања, но ова за НАТО претставува преголем ризик од директна конфронтација со Русија и шансите се мали да се преземе таков чекор, според изјавите на некои министри на НАТО пред почетокот на состанокот.

Канадската министерка за надворешни работи, Мелани Жоли, меѓу другите, изјави дека црвената линија на НАТО е да не се предизвика меѓународен конфликт, и дека денеска ќе се дискутираат сите сценарија.

Сојузниците ќе разговараат за зајакнувањето на источниот дел на Алијансата, а во најава се дискусии и за дополнително зголемување на буџетот за одбраната во земјите членки.

Ова го соопшти романскиот министер, Богдан Ауреску утрово.

-Треба да се размисли одново сѐ, а тоа зголемување на буџетската стапка од два на 2,5 отсто почнувајќи од идната фискална година, рече Ауреску, додавајќи дека НАТО треба да ја прилагоди својата положба за да може да одговори на тоа што го прави Русија, бидејќи ситуацијата е различна од 2014.

Шефот на Алијансата и американскиот државен секретар пак повторија дека НАТО нема да учествува директно во конфликтот, но доколку има било каква закана за земјите членки на Алијансата, таа ќе одговори соодветно.

-Нашата Алијанса е дефанзивна, но ако конфликтот дојде кај нас подготвени сме да ја одбраниме секоја педа на територијата на НАТО, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…