Путин: Немаме лоши намери
Рускиот претседател Владимир Путин денеска преку видеопорака се обрати на државните медиуми, во која порача дека нема лоши намери кон соседите, повикувајќи ги да не ја „ескалираат ситуацијата“.
„Би ги советувал и нив да не ја ескалираат ситуацијата, да не наметнуваат никакви ограничувања. Сите свои обврски ги исполнуваме и ќе продолжиме да ги исполнуваме. Не гледаме потреба од заострување на ситуацијата ниту од влошување на нашите односи“, истакнал Путин.
Зборувајќи за „руската специјална воена интервенција“ која е во тек во Украина, Путин нагласил дека само одговара на „негативните акции од другите земји“.
„Сите наши акции, ако дојде до нив, секогаш настануваат како одговор на некои непријателски акции против Руската Федерација. Мислам дека сите треба да размислуваат како да ги нормализираме односите и нормално да соработуваат“, нагласи Путин.
Зборувајќи за влијанието на санкциите кои ги воведоа САД и нивните западни сојузници, Путин вети дека Москва ќе ги исполни своите економски обврски кон другите држави.
„Ако некој нема волја да соработува со Русија, тоа нема да не спречи да ги решаваме своите задачи. Ќе победиме бидејќи ќе добиеме нови искуства“, порача Путин.
Тој ги повика земјите да ги нормализираат односите со Русија.
„Западните земји во голема мерка настојуваат да ја отсчеат нашата држава, преку економски санкции, затворање на воздушни простори и блокирање на пристаништа“, рече Путин.
Тој потврди дека порано денеска разговарал со белорускиот претседател Александар Лукашенко. Нивниот разговор траел два часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…