Путин и Шолц разговараа за Украина: Што одлучија двајцата лидери?
Германскиот канцелар Олаф Шолц телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.
Германската влада објави дека Путин му рекол на Шолц дека третата рунда руско-украински преговори е закажана за викендот.
Кабинетот на германскиот канцелар соопшти дека Путин го информирал Шолц за третата рунда преговори меѓу Руската Федерација и Украина и дека тие се планирани за викендот.
Да потсетиме, вчера се одржа втората рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина.
Украина и Русија се договорија да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, испорака на храна и лекови, изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак.
Тој рече и дека Киев не постигнал резултати во текот на преговорите на кои сметала украинската страна.
Тој додаде дека Украина и Русија разговарале за прекин на огнот за време на евакуацијата на граѓаните во оние области каде што ќе се изврши евакуацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…