Објавено на:

Кина го поддржува дијалогот меѓу Русија и Украина: Треба да се најдат мирни решенија

t

Пекинг го поддржува дијалогот меѓу Русија и Украина, како и дипломатските напори насочени кон изнаоѓање политички договори, изјави кинескиот амбасадор во Обединетите нации Џанг Џун.

Ги повикуваме Русија и Украина да останат посветени на политичко решение на ситуацијата и да дојдат до решение преку преговори. Преговори кои ќе имплицираат легитимни грижи на двете страни и ќе промовираат долгорочен мир, стабилност и безбедност во Европа. „Кина ги поздравува сите дипломатски напори кои водат кон политичко решение“, рече кинескиот амбасадор во Обединетите нации.

Првите две рунди преговори меѓу руската и украинската делегација се одржаа на територијата на Белорусија на 28 февруари и 3 март, а третата се очекува во текот на викендот.
Да потсетиме, Русија на 24 февруари започна специјална операција чија цел е демилитаризација и денацификација на Украина. Во телевизиско обраќање до Русите, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“ и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош.
Според рускиот лидер, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби на украинските власти, да го остави оружјето и да си оди дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…