И Блумберг прекинува со работа во Русија: Новиот кривичен закон ги исплаши новинарските агенции
Новинската агенција Блумберг објави дека ја суспендира работата на своите новинари во Русија откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за кривично казнување и големи парични казни за лажни вести за руските вооружени сили, нивно дискредитирање, како и повици за санкции против Русија. .
„Со големо жалење донесовме одлука привремено да го прекинеме собирањето вести во Русија“, изјави главниот уредник Џон Миклетвејт.
Според него, „промените во кривичниот закон имаат за цел секој независен известувач да се претвори во криминалец“, со што се оневозможува „продолжување на секое нормално новинарство во државата“.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за кривична и финансиска казна за лажни вести за активностите на руските вооружени сили и повици за антируски санкции.
Путин го потпиша и Законот за санкции за кршење на правата на руските граѓани, кој се однесува на сите странци и лица без државјанство, а не само на американските државјани, како што беше досега, соопшти Кремљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…