Објавено на:

Српскиот член на Претседателството на БиХ: Се спротивставувам на сатанизација на рускиот народ

t

Се спротивставувам на секаква сатанизација на рускиот народ, отуѓување имот, забрани, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, коментирајќи ја седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ.

Додик рече дека јавниот простор се користи за непотребна бучава, бидејќи нема решенија, пренесува РТРС.
Тој посочи дека БиХ не е во позиција да одлучува кој може да биде во една од организациите.


„Тој ПИК (Совет за спроведување на мирот во БиХ) не постои. Тоа е самопрогласена организација која никој не ја избрал, не ја именувал, така се справуваат со неа, мислат дека се им е достапно. Секое легално или незаконско постапување во смисла на забрани, особено отуѓување и одземање имот што го гледаме некаде во ЕУ и светот од руски граѓани, ме потсетува на времето кога фашистите упаднаа во еврејските куќи и во српските куќи. Ним им беше одземено се, и ги одведоа во затвори, а само уште не рекоа дека треба да формираат некакви кампови за Русите, што би било многу очекувано“, изјави Додик.


Заклучоците и Резолуцијата за ситуацијата во Украина не беа усвоени, бидејќи српските пратеници не дојдоа на седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ.


Иако членовите на Претседателството Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ претходно ја отфрлија иницијативата на Милорад Додик да заземе став за настаните таму, пратениците од нивните партии, како и другите од Федерацијата, ја осудија, како што рекоа, „руската агресија“, пренесува РТРС.


Тие дури усвоија предлог со кој бараат Русија да биде исфрлена од Советот за спроведување на мирот. Заклучоците немаат правна сила и нема да бидат усвоени во вториот круг, е пораката на српските пратеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец…

Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд…

САД: Заканите на Додик за отцепување на…

Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска…

Босна протестира по монструозното убиство на Низама

Почнаа протестите во Босна мотивирани од крвничкото…

Масакрите во Босна немаше да се случат…

Заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија…

Лавров: Она што се прави кон Додик…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…