ДУИ се пофали: Ги зголемивме пензиите, минималната и просечната плата

t

Демократската Унија за Интеграција продолжува да се залага со сите свои кадровски и програмски капацитети во служба на економската благосостојба на граѓаните и подобрувањето на животниот стандард во време на справување со светската економска криза.

По зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари и просечната плата на 29.943 денари, трендот на подобрување на животниот стандард на граѓаните го продолжуваме со рекордно зголемување на пензиите на вкупно 326.841 пензионери во земјава.

На средбата со претставниците на здруженијата на пензионерите ја договоривме новата методологија на зголемување на пензиите, со која се предвидува од септември оваа година пензионерите да имаат просечно до 900 денари дополнителни средства секој месец во нивните пензии.

Покрај спроведувањето на оваа економска мерка која овозможува соодветно усогласување на пензиите согласно зголемувањето на минималната плата и трошоците за живот, се обврзавме и овозможивме во месеците март, април и мај на пензионерите да им се обезбеди директна парична помош од 1.000 денари.

Статистичките пресметки предвидуваат дека во текот на 2022 година во буџетот на пензионерите ќе се инкасираат околу 12.000 денари повеќе од 2021 година.

Демократската Унија за Интеграција како дел од Владата посветено ќе продолжи со спроведување на економските мерки за квалитетен живот и заштита на семејниот буџет на граѓаните. Пишува во соопштението на Демократската Унија за Интеграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…