Русија: Украинските националисти ја спречуваат евакуацијата на цивили
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските „националисти“ ги спречуваат цивилите да ги напуштат градовите, јавува руската новинска агенција Риа, пренесува Би-Би-Си. Извештаите доаѓаат по претходното тврдење на градските власти на Мариупол дека руската војска не го почитува прекинот на огнот и дека евакуацијата на цивилите е одложена.
Министерство за одбрана на Русија наведува дека руските сили биле под оган, откако поставиле хуманитарни коридори за цивилите да го напуштат градот.
Руските државни медиуми соопштија дека Министерството за одбрана на земјата денеска наредило делумен прекин на огнот во опколените украински градови Мариупол и Волноваха, за да можат цивилите да ги напуштат градовите низ хуманитарни коридори. Во извештаите се вели дека хуманитарните премини и излезните правци биле координирани со украинската страна.
Но, Заменик-градоначалникот на Мариупол изјави дека Русија продолжила да ја гранатира областа и покрај наводниот прекин на огнот.
Во соопштението објавено на Телеграм, градскиот совет на Мариупол вели дека полицијата користела звучници за да ги извести жителите за најновите информации за евакуацијата и нејзиното одложување.
Во соопштението се наведува дека во моментов се водат преговори со Русија за воспоставување примирје и обезбедување безбеден хуманитарен коридор од градот.
Претходно и Украина и Русија соопштија дека е договорен привремен прекин на огнот околу градовите Мариупол и Волноваха.
Заменик-градоначалникот на Мариупол за Би-Би-Си изјави дека руските сили продолжиле со бомбардирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…