Светот им воведува санкции: Колку “тежат” другарите на Путин?
Голем дел од земјите воведоа санкции кон Русија, а со тоа се погодени добар дел од милионерите од оваа држава, чие богатство е запленето, а се блиски луѓе на претседателот Владимир Путин. Италијанската полиција ги заплени двете вили на милијардерот Алишер Усманов, односно водителот Владимир Соловиев.
Се проценува дека богатството на Усманов изнесува 17.6 милијарди долари и е еден до најбогатите луѓе според „Форбс“. Усманов го опишуваат како службеник кој му помага на Путин а против него беа воведени санкции на крајот на февруари.
Тука е и сопственикот на Челзи, Роман Абрамович кој е принуден да го продаде клубот на друг газда. Неговото богатство се проценува на 12.4 милијарди долари, а се шпекулира дека неговата палата во Лондон е на продажба.
Трет на листата најбогат од пријателите на Путин е Олег Дерипаска, чие богатство се шпекулира дека изнесува околу 3 милијарди долари. Според САД, тој бил вмешан во перење пари, поткуп, изнуда и рекетирање.
Извор: ММС.МК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…
Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…