Објавено на:

(Видео) Вака изгледа срушениот град Бородјанка, близу Kиев

t

Вака изгледа срушениот град Бородјанка, близу Киев
Градот Бородјанка, близу Киев, речиси целосно е униптен, изјави вечерва регионалниот гувернер Олексиј Кулеба.

– Таму нема вода ни струја… Нема Бородјанка. Речиси е целосно уништен. Центарот на градот е едноставно ужасен. Бородјанка е под влијание на руските војници; тие ја контролираат оваа населба, рече Кулеба.

Кулеба претходно денеска на својот профил на Телеграм тврдеше дека руските војници ја зазеле тамошната психијатриска болница со стотици пациенти, но тие сега ја напуштиле. Руските сили се уште се во непосредна област, рече тој.

По ракетниот напад на голем станбен блок во Бородјанка на 2 март, Украинската државна служба за вонредни состојби вчера за Си-Ен-Ен соопшти дека е можно да има луѓе се уште заробени под урнатините на зградата.

Бородјанка е цел на постојано гранатирање во последните неколку дена, како и малите градови околу неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Македонија е најдобро рангирана во регионот според…

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен…

(Видео) Полицијата во Висконсин застрелала вооружен напаѓач…

Американската полиција вчера пукаше и уби ученик…

(Видео) Ибраимоски: Ќе ви покажеме како треба…

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро…