Објавено на:

Џонсон изнесе план за одговор на руската инвазија врз Украинa

t

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите да се приклучат на планот од шест точки за одговор на руската инвазија на Украина, што предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и предизвикување најголема можна економска штета на Москва.

Пред средбите со лидерите на Канада, Холандија и од Централна Европа во Лондон следната недела, Џонсон вчера кажа дека инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин мора да доживее неуспех и дека мора да се види дека не успева.

Не е доволно да се покаже поддршката за меѓународниот поредок темелен на правила, ние мора да го браниме од континуираните обиди правилата наново да се пишуваат со употреба на воена сила – рече Џонсон.

Тој, исто така, ги истакна своите цели, вклучувајќи го и создавањето меѓународна хуманитарна коалиција за Украина, поддршка на нејзината самоодбрана и зголемување на економскиот притисок врз Москва.

Британскиот премиер, исто така, повика на воспоставување дипломатски патишта за деескалација со целосно вклучување на украинската Влада, поголема безбедност во евроатлантската област, како и на запирање на „ползечката нормализација“ на руските активности во Украина.

По средбите со канадскиот и холандскиот премиер во понеделник, Џонсон ќе биде домаќин на лидерите на Чешката Република, Унгарија, Полска и Словачка, земји каде што има украински бегалци.

Велика Британија планира да ги забрза санкциите кон руските бизнисмени преку нови законски мерки што утре ќе ги испрати до парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американците се подготвуваат за втора граѓанска војна:…

Последното истражување на компанијата „Расмусен рипортс“ откри…

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција…

– Министерството за надворешни работи на Грција…

Истрага на „Ле Монд“: Ова е планот…

За време на речиси седумте месеци војна,…

Раст на деловната активност во Еврозоната во…

Деловната активност на еврозоната растеше со најбрзо…

Шефицата на германската дипломатија: Руската војна се…

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок…