Поевтинуваат дел од горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40% во однос на одлуката од 23.6.2025 година.
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа пред тешка зима: Растат цените на…
Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…
Цената на нафтата се зголеми, откако САД…
Цените на нафтата утрово се тргуваа за…
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Паѓаат цените на половните автомобили во Германија
Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…
