Спремни сме да одговориме на секој предизвик: Градоначалникот на Кисела Вода објави телефонски број на кој граѓаните можат да побараат помош
Месец март секогаш знае да биде временски променлив, но ние сме спремни да одговориме на секој предизвик.
Со екипите на зимската служба дежурни сме во текот на целата измината ноќ, снежните наноси се чистат низ територијата на Кисела Вода за утрово нашите сограѓани да имаат непречен тек во извршувањето на своите активности.
Иако според временската прогноза најавите се три дена да врне снег, сакам да ви порачам да бидете спокојни.
Нема да дозволиме во Кисела Вода да запре нормалното функционирање, ќе се чисти во сите урбани и местни заедници.
Екипите се на терен и достапни 24 часа на располагање за вас, а постојат и телефонски броеви на кои што можете да се јавите доколку има потреба од дополнителна интервенција.
Во служба на граѓаните ставени се и сите службени возила на општината за нивните неопходни потреби.
075/309-548 (Далибор)
или на Facebook страната на Општина Кисела Вода, Фејсбук статус на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија: 40-годишен маж пронајден починат во Центар
На 30.06.2025 во 10:20 часот во СВР…
Зеленски ја поздрави одлуката на САД за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ја…
Секој 10-ти Црногорец давал мито во последната…
Секој 10-ти граѓанин (10,4 проценти) лично извршил…
Крај на една ера – Официјално се…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска официјално…
Агелер: Веќе три децении заедно му покажуваме…
Вечерва на свеченото одбележување годишнината од американската…