Русија ги собира дипломатите од САД: Протераните и нивните семејства се враќаат со авиони
Руски дипломати од Обединетите нации, кои беа обвинети од САД за шпионажа и одлучија да ги протераат од земјата, го напуштија станбениот комплекс на руската постојана мисија во ОН во правец на аеродромот ЏФК во Њујорк, јави дописникот на МИА.
Вкупно со два автобуса заминаа околу 50 луѓе. Меѓу оние што заминуваат има многу деца. Авион со дипломати и нивните семејства ќе замине на аеродромот во Њујорк за Москва.
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, во понеделникот изјави дека САД прогласиле 12 руски дипломати од постојаната мисија во ОН за персона нон грата и дека тие мора да ја напуштат земјата до 7 март.
Оливија Далтон, портпаролка на Постојаната мисија на САД во ОН, ги нарече „оперативни разузнавачи на Руската Федерација“.
Во меѓувреме, во вторникот официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Стефан Дијарик изјави дека САД го протеруваат рускиот функционер од секретаријатот на организацијата.
Руското Министерство за надворешни работи вети дека ќе одговори на овие чекори на САД и го повика Вашингтон да покаже претпазливост и да не оди на понатамошна ескалација.
Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, администрацијата на Џо Бајден ја продолжува својата политика на целосно уништување на темелите на меѓудржавните врски, како и поткопување на централната улога на ОН во обидот да се наметне озлогласениот светски поредок врз основа на правилата на САД и сателитите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…