Објавено на:

Захарова: Немате претстава колкав е ризикот противвоздушните и ракетни системи да паднат во рацете на терористи

t

Руската амбасада во Македонија пренесе официјална порака од портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, во која таа ги коментира испораките на противвоздушни ракетни системи во Украина.

Го пренесуваме соопштението во целост:

“Коментар на официјалната претставничка на МНР Марија Захарова за снабдување на Украина со противвоздушни преносливи ракетни лансери и противтенковски ракетни системи.

Западните земји започнаа со масовни испораки за Украина на ракетни лансери Stinger (кој погодува копнени и површински цели на растојание до 8 км и надморска височина до 3,5 км), други преносливи системи, како и противтенковски системи Javelin, NLAW и Carl Gustaf, кои, без претерување, се меѓу најчувствителните видови оружје.

Организаторите на овие испораки не можат да не ја сфатат растечката закана од паѓање на овие високопрецизни оружја во рацете на терористичките елементи и бандитските формации не само во Украина, туку и во цела Европа. Прашање на време е кога овие видови оружје ќе влезат на нелегалниот пазар и во рацете на терористичките мрежи.

Противвоздушни ракетни лансери претставуваат огромна опасност за цивилното воздухопловство, а противтенковски системи – за железничкиот транспорт и инфраструктурните објекти.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…