Aрсовска ги посети жените кои на онколгија и радиологија се борат со ракот: Се заблогдари на медицинскиот персонал кој се бори за секој живот
Како волонтери на Црвениот крст денес ги посетивме силните жени кои се лекуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, на кои им посакуваме брзо закрепнување од тешката болест и долги години добро здравје, напиша на својот фејсбук профил градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Денеска на Меѓународниот ден на жената тука сме за поддршка на овие силни жени, со мал гест на внимание да им влееме дополнително доверба за надминување на болеста. Да се надминат здравствените потешкотии кои канцерот ги носи со себе е подеднакво тешко како физички така и психолошки.
Со жените кои се борат со канцер разговарав низ призма на сопствените искуства, познавајќи ја добро состојбата, во која се соочени со тежок предизвик во животот и се борат за надминување на болеста. Голема благодарност и до тимот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија кои секој ден даваат свој максимум за помош на лицата кои се лекуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…